Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, септември 2023 година

понеделник, 09 октомври 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало изнесува 99.0.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 % и млекото за 0.4 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, производите за домаќинството - нетрајни за 0.8 %, другите печатени материјали за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 %, јајцата за 2.0 %, виното за 1.9 %, сирењето и урдата за 1.2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 %, кафето, чајот, какаото за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, лебот и житата за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 %, мотоциклите за 8.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, парамедицинските услуги за 5.4 %, гасот за домаќинствата за 4.6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 %, медиумите за снимање за 2.8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 %, услугите за сместување за 2.0 %, медицинските услуги за 1.9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, мебелот и покуќнината за 1.2 %, другите лични предмети за 1.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, рестораните, кафулињата и слично за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи зголемување од 6.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика