Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2014, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на цените на мало 100.6.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.2% во јули 2014 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5.8%, лебот и белите печива за 1.3%, чоколадните
производи за 0.7% и сувото овошје за 0.6%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај тутунот за 5.5%, електричната
енергија за домаќинствата за 3.6%, гасот за домаќинствата за 2.7%, цвеќињата и услугите за сместување за 2.4%,
течните горива и мазива за 2.0%, течните горива за домаќинствата за 1.0%, лековите за 0.9%, велосипедите и
пијалаците во рестораните и хотелите за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во јули 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај свежиот зеленчук за 8.3%, меленото жито за 4.1%, конзервираната риба за 1.1%, безалкохолните
пијалаци за 0.9%, киселото млеко за 0.8%, тестенините за 0.7%, конзервираните месни производи за 0.6%,
свежото млеко и конзервираниот зеленчук за 0.4%, трајните колбасичарски производи, рибата, преработките
од млеко и други прехранбени производи за 0.3%.
Во јули, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за чистење
и одржување на станот за 0.6% и обувките за 0.4%.
Индексот на трошоците на животот во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, бележи пораст од
0.3%, а индексот на цените на мало е непроменет, т.е. е на исто ниво.