Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јуни 2023 година

петок, 07 јули 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 101.0, а индексот на цените на мало изнесува 100.7.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13.2 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.0 %, виното за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.7 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.5 %, месото, пивото за 0.3 %, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото, жестоките пијалаци за 0.2 %.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14.5 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.0 %, производите за домаќинството - нетрајни за 1.8 %, течните горива за домаќинствата за 1.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.6 %, теписите и другите подни покривки за 1.5 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците, книгите, услугите за сместување за 0.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, другото образование за 0.7 %, чевлите и другите обувки, електричните апарати за лична хигиена за 0.6 %, облеката за 0.5 %, другите лични предмети за 0.4 %, моторните возила за 0.3 %, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, велосипедите, медиумите за снимање, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, рестораните, кафулињата и слично, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 0.8 % и млекото за 0.7 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата 2.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 %, домашните миленици и сродните производи за 0.8 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.6 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0.4 %, игрите, играчките и хобијата за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи зголемување од 9.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика