Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало изнесува 99.1.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 13.3 %, свежото и разладеното овошје за 8.5 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.0 %, рибата и морските плодови за 1.6 %, жестоките пијалаци за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.5 %, месото за 0.4 %, кафето, чајот, какаото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0.2 %.
Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите услуги неспоменати на друго место за 10.6 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 4.9 %, медицинските услуги за 3.4 %, парамедицинските услуги за 2.9 %, обувките за 2.8 %, услугите за сместување за 1.8 %, фармацевтските производи, туристичките аранжмани за 1.6 %, производите за домаќинството - нетрајни за 1.4 %, домашните миленици и сродните производи за 0.9 %, моторните возила за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, рестораните, кафулињата и слично за 0.7 %, облеката, мебелот и покуќнината, терапевтските помагала и опремата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 0.6 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.5 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 2.4 %, млекото за 1.6 % и лебот и житата за 0.7 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27.2 %, течните горива за домаќинствата за 7.3 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.5 %, гасот за домаќинствата за 4.3 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.0 %, медиумите за снимање за 1.8 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.5 %, стоматолошките услуги за 1.3 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.1 %, другите печатени материјали, другото образование за 1.0 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.6 %, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.5 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи зголемување од 11.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7.5 %.