Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јуни 2014

понеделник, 07 јули 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2014, во
однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.6.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.2% во јуни 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 5.5%, свежото млеко за 1.3%, мастите за 1.0%,
сувото овошје за 0.9%, киселото млеко за 0.7%, конзервираните месни производи за 0.5%, житото за 0.4%,
сувомеснатите производи за 0.3%, полутрајните колбасичарски производи и конзервираниот зеленчук за
0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на
патници за 3.8%, пакет-туристичкитe аранжмани за 3.1 %, телефонските и факс-апарати и услуги за 2.1%,
информатичката опрема за 1.6%, апаратите за домаќинствата за 0.8%, гасот за домаќинствата за 0.5%, обувките
за 0.4%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.3% и други услуги, неспомнати на други места за
0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јуни 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај јајцата и алкохолните пијалаци за 0.9%, свежото овошје за 0.8%, трајните колбасичарски
производи, преработките од млеко и замрзнатиот зеленчук за 0.5% и рибата за 0.2%.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај лековите за 2.4%, течните
горива за домаќинствата за 1.6%, услугите за сместување за 0.9%, течните горива и мазива за домаќинствата за
0.8%, облеката за 0.4%, материјалите за одржување и поправки на станот за 0.3% и пијалаците во рестораните
и хотелите и средствата за лична хигиена за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, бележи намалување
од 1.1%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика