Соопштението е од областа:
Цени
Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, март 2022 година
четврток, 07 април 2022
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос
на претходниот месец, изнесува 101.6, а индексот на цените на мало изнесува 101.5.
Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај млекото за 7.3 %, јајцата за 6.0 %, свежото и разладеното овошје за 5.9 %, лебот и житата за 5.0 %, пивото за 2.9 %,
маслото и маснотиите за 1.7 %, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.3 %,
кафето, чајот, какаото за 1.2 %, виното, цигарите за 0.9 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %,
шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.2 %.
Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8.2 %, течните
горива за домаќинствата за 8.1 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.1 %, патниот патнички
транспорт за 5.2 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 5.1 %, другите медицински производи за 5.0 %,
домашните миленици и сродните производи за 4.9 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката
опрема за 4.8 %, теписите и другите подни покривки, туристичките аранжмани за 3.4 %, парамедицинските услуги за
3.1 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, медиумите за снимање за 3.0 %, моторните возила
за 2.8 %, производите за домаќинство – нетрајни, стоматолошките услуги за 2.7 %, рестораните, кафулињата и сл. за
2.6%, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства за 2.1 %, велосипедите за 1.9 %, малите електрични
апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 1.8 %, големите алатки и опрема, фризерските салони
и центрите за разубавување, електричните апарати за лична хигиена за 1.7 %, накитот, часовниците и рачните часовници
за 1.6 %, актуелните ренти исплатени од станарите за 1.5 %, услугите за одржување и поправките на живеалиштето,
цврстите горива за домаќинствата за 1.3 %, мебелот и покуќнината, малите алатки и останатите додатоци, медицинските
услуги, другите услуги за опремата за сопствен превоз, другите печатени материјали, услугите за сместување за 1.0 %,
терапевтските помагала и опремата за 0.8 %, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и
приборот за сопствените превозни средства, другото образование за 0.7 %, фармацевтските производи за 0.6 %, другите
лични предмети за 0.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, облеката, другата облека и додатоците
за облека, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање,
другите услуги неспоменати на друго место за 0.3 %, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот,
покуќнината и покривките за подот, текстилот за домаќинствата за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано
кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт
за 9.4 %, социјалната заштита за 1.1 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, фотографската и кинематографската опрема
и оптичките инструменти за 0.7 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 % и кај обувките за 0.4 %.
Индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на март 2021 година, бележи зголемување од 8.8 %, а
индексот на цените на мало бележи зголемување од 9.6 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|