Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, мај 2014

понеделник, 09 јуни 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените
на мало во мај 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3.


Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.3% во мај 2014 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 3.5%, другите пецива за 2.0%, свежиот зеленчук за 1.5%,
конзервираната риба за 1.2%, сувото овошје за 0.7%, конзервираните месни производи за 0.5%, преработките
од млеко за 0.4%, рибата, шеќер, џем, чоколади и др. кондиторски производи за 0.3% и другите неспомнати
прехранбени производи за 2.2%.


Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 3.7%, авионскиот превоз
на патници за 2.9%, течните горива за домаќинствата за 1.9%, течните горива и мазива за 1.7%, цврстите горива
и здравствените услуги за 0.5%.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот во мај 2014 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1%, јајцата за 1.0%, трајните кобасичарски производи за 0.5%,
тестенините и безалкохолните пијалаци за 0.3% и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Во мај, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за
рекреација и култура за 3.0%, фармацевтските производи за 0.6% и средствата за чистење и оддржување на
домаќинствата за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, бележи намалување
од 0.6%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика