Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јануари 2022 година

понеделник, 14 февруари 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 101.5, а индексот на цените на мало изнесува 101.2.
 
Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај кафето, чајот, какаото за 4.3 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.4 %, пивото
за 2.6 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.5 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен
компирите и другите коренести плодови за 2.1 %, виното за 1.7 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите
од овошје и зеленчук за 1.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.4 %, лебот и
житата, маслото и маснотиите за 1.2 %, жестоките пијалаци за 0.5 %.
 
Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај централното греење за
домаќинствата за 14.0 %, електричната енергија за домаќинствата за 9.4 %, чистењето, поправката и изнајмувањето
облека за 9.3 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 4.8 %, течните горива за
домаќинствата за 3.3 %, поправките на апаратите за домаќинствата за 3.2 %, горивата и мазивата за сопствените
превозни средства за 2.3 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1.9 %, услугите за сместување за
1.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, моторните возила за 1.6 %, другите медицински производи
за 1.5 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.4 %, гасот за домаќинствата за 1.2 %,
големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката
опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.0 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за
подот, медицинските услуги за 0.9 %, поправките и изнајмувањето обувки за 0.8 %, мебелот и покуќнината, патниот
патнички транспорт, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.7 %, игрите, играчките и хобијата за
0.6 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %,
теписите и другите подни покривки, фармацевтските производи, стоматолошките услуги за 0.4 %, актуелните ренти
исплатени од станари, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.3 %.
 
Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај воздухопловниот патнички транспорт за 8.4 %, медиумите за снимање за 4.2 %, обувките за
1.7 %, парамедицинските услуги за 1.2 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.9 %, градините,
растенијата и цвеќињата за 0.7 %, туристичките аранжмани за 0.6 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на
отворено, книгите за 0.5 %, терапевтските помагала и опрема за 0.2 %.
 
Индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи зголемување од
6.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика