Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, август 2021 година

вторник, 07 септември 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.6, а индексот на цените на мало изнесува 100.4.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15.8 %, сирењето и урдата за 1.1 %, месото за 0.9 %, лебот и житата за 0.7 %, млекото за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0.2 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8.4 %, гасот за домаќинствата за 5.6 %, туристичките пакет-аранжмани за 3.1 %, услугите за рекреација и спорт за 2.0 %, домашните миленици и сродните производи за 1.1 %, велосипедите за

0.9%, моторните возила за 0.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за

0.6%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.5%, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена, другите услуги неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0.7 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 4.0 %, медиумите за снимање за 1.8 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.5 %, другите печатени материјали, електричните апарати за лична хигиена за 1.3 %, течните горива за домаќинствата за 1.0 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, обувките, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5 %, големите електрични апарати за домаќинствата, другите лични предмети за 0.4 %.

Индексот на трошоците на животот во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи зголемување од 3.6%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.9 %. 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика