Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 102.3.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 0.9 %, млекото за 0.8 %, свежото и разладеното овошје, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %, лебот и житата за 0.4 %, пивото за 0.3 %.
Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49.9 %, гасот за домаќинствата за 8.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.0 %, течните горива за домаќинствата за 4.7 %, туристичките пакет-аранжмани за 3.4 %, услугите за сместување за 2.2 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 2.1 %, другите медицински производи, електричните апарати за лична хигиена за 1.0 %, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи за 0.7 %, моторните возила, другите печатени материјали за 0.6 %, домашните миленици и сродните производи за 0.5 %, големите електрични апарати за домаќинствата, велосипедите за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.6 %, маслото и маснотиите за 2.2 %, виното за 1.6 %, месото за 0.7 %, сирењето и урдата за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај парамедицинските услуги за 1.1 %, теписите и другите подни покривки за 0.5 %, облеката, мебелот и покуќнината, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.3 %, обувките, медиумите за снимање, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи зголемување од 3.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.4 %.