Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, април 2014

среда, 07 мај 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2014 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.1.
Пораст на индексот на трошоците на животот во април 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото овошје за 5.7%, свежиот зеленчук за 3.1%, конзервираните месни производи за 0.5%,
другите млечни производи за 0.4%, трајните колбасичарски производи, рибата и киселото млеко за 0.2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
9.6%, обувките за 0.4% и облеката за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2014 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај јајцата за 1.0%, другите прехранбени производи за 0.9%, свежото млеко за 0.8%, месото и
безалкохолните пијалаци за 0.7%, преработките од млеко за 0.6%, тестенините и мастите за 0.4%, конзервираната
риба и алкохолните пијалаци за 0.3%.

Во април, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за
домаќинствата за 3.3%, течните горива и мазива за 1.2%, цврстите горива и средствата за чистење и одржување
на домаќинствата за 0.3% и гасот за домаќинствата за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во април 2014 година, во споредба со април 2013 година, бележи намалување
од 1.1%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика