Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало изнесува 100.3.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2020 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст на индексите на трошоците на животот, во ноември 2020 година, е забелжан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 13.3 %, маслото и маснотиите за 2.2 %, пивото за 0.5 %, жестоките пијалаци за 0.4 %, сирењето и урдата, прехранбените производи, неспомeнати на друго место, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %.
Во ноември 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 2.1 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.2 %, информатичката опрема за обработка на податоци, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, облеката за 0.6 %, домашните миленици и сродните производи за 0.5 %, големите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0.4.%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 13.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 %, млекото за 0.5 % и месото за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај домашните услуги и услугите за домаќинствата за 3.1 %, медиумите за снимање за 2.2 %, моторните возила за 1.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.6 %, цврстите горива за 0.4 %, обувките, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз, патниот патнички транспорт за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи зголемување од 2.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.8 %.