Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, февруари 2014

петок, 07 март 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во февруари 2014 година, во споредба со
претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1.9%, мастите за 1.6%, овошјето за 0.8%,
месото и замрзнатиот зеленчук за 0.7% и преработките од млеко за 0.4%.


Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот
превоз на патници за 9.3%, информатичката опрема за 8.5%, гасот за домаќинстата за 7.6%, течните горива и
мазива за 1.0%, течните горива за домаќинствата за 0.9%, апаратите за домаќинствата за 0.8% и обувките за
0.7%.


Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај конзервираното овошје за 2.1%, зеленчукот за 1.6%, мармаладите и чоколадните производи за
0.7%, рибата за 0.6%, алкохолни пијалаци за 0.5%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките
од зеленчук за 0.4%, свежото млеко за 0.3%, тестенините и др. прехранбени производи за 0.2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за
3.3%, телефонските и факс апарати и услуги за 0.9%, мебелот за 0.4% и фармацевтските производи за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, бележи
пораст од 0.6% а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика