Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот по COICOP класификација и цени на мало, јануари 2014

петок, 14 февруари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2014
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.2.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во споредба со претходниот
месец од 0.1% е резултат на пониските индекси на јајцата за 2.5%, чоколадните производи за 1.3%, овошјето
за 1.2%, лебот и житариците за 0.7%, рибата и шеќерот за 0.5%, кондиторските производи за 0.4% и свежото
млеко за 0.2%.
Во јануари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката
опрема за 4.9%, стаклените садови, кујнски прибор и друга опрема за домаќинствата за 3.9%, обувките за
3.8%, услугите за сместување за 2.5%, апаратите за домаќинстата за 0.9%, облеката за 0.6%, течните горива за
домаќинствата за 0.5% и резервни делови и опрема за сопствен превоз за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај зеленчукот за 1.4%, киселото млеко за 0.7%, конзервираната риба за 0.5%, сувото овошје и др.
прехранбени производи за 0.4% и преработките од млеко за 0.3%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
4.4%, фармацевтските производи за 3.0%, пијалаците во рестораните и хотелите за 1.5%, здравствените услуги
за 1.2%, исхрана во рестораните и хотелите за 0.8%, услуги во патниот сообраќај за 0.7%, гасот за домаќинстата
за 0.6% и течните горива и мазива за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, бележи пораст
од 0.9% а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.8%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика