Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, декември 2013

среда, 08 јануари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во декември 2013, во однос на ноември 2013, изнесува 100.3,
а во однос на декември 2012 изнесува 101.4.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во декември 2013, во однос на ноември
2013, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци и Транспорт за 0.5%,
Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0.3%, Здравје за 0.2%, Облека и обувки и Домување, вода,
електрика, гас и др. горива за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Ресторани и хотели за 0.6%,
Алкохолни пијалаци, тутун и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.2%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите во групите Комуникации и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика