Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2013, во однос на октомври 2013, изнесува 99.9, а
во однос на ноември 2012 изнесува 101.1.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2013, во однос на октомври
2013, намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 1.1%, Рекреација и култура за 0.4%,
Храна и безалкохолни пијалаци и Ресторани и хотели за 0.3% и Здравје за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Останати стоки и услуги за 0.7%, Мебел,
покуќнина и одржување на покуќнина за 0.6%, Облека и обувки и Образование за 0.2%, Алкохолни пијалаци,
тутун и Комуникации за 0.1%.
На ниво од претходниот месец остана индексот во групата Домување, вода, електрика, гас и др. горива.