Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, октомври 2013

четврток, 07 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври 2013, во однос на септември 2013, изнесува 99.9,
а во однос на октомври 2012 изнесува 101.3.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2013, во однос на септември
2013, намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 1.6%, Храна и безалкохолни пијалаци и
Алкохолни пијалаци, тутун за 0.2% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Облека и обувки за 2.1% и Здравје
за 0.5%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива,
Комуникации, Рекреација и култура, Образование, Ресторани и хотели и Останати стоки и услуги.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика