Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, септември 2013

понеделник, 07 октомври 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2013, во однос на август 2013, изнесува 100.2, а
во однос на септември 2012 изнесува 101.6.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2013, во однос на август 2013,
пораст на индексите е забележан во групите: Здравје за 6.4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за
1.2%, Транспорт за 0.9%, Рекреација и култура за 0.7%, Алкохолни пијалаци, тутун и Облека и обувки за 0.4%,
Останати стоки и услуги за 0.3%, Комуникации и Ресторани и хотели за 0.1%.


Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Мебел, покуќнина и одржување
на покуќнина за 0.8% и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7%.


На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Образование.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика