Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, август 2013

вторник, 10 септември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен
преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2013, во однос на јули 2013,
изнесува 100.3, а во однос на август 2012 изнесува 102.8.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2013, во однос на јули
2013, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 1.8%, Храна и безалкохолни пијалаци
и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.4%, Алкохолни пијалаци, тутун, Рекреација и
култура и Останати стоки и услуги за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Облека и обувки за
0.2% и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Здравје, Комуникации, Образование
и Ресторани и хотели.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика