Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, јули 2013

среда, 07 август 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули 2013, во однос на јуни 2013, изнесува 98.9,а во однос
на јули 2012 изнесува 104.0.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јули 2013, во однос на јуни 2013,
намалување на индексите е забележано во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 2.5%, Храна
и безалкохолни пијалаци за 2.3% и Облека и обувки за 0.2%.


Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун за 2.4%,
Здравје за 0.6%, Останати стоки и услуги за 0.4%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Транспорт за
0.3% и Ресторани и хотели за 0.2%.


На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Комуникации, Рекреација и култура и
Образование.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика