Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, јуни 2013

понеделник, 08 јули 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јуни 2013, во однос на мај 2013, изнесува 100.3, а во однос
на јуни 2012 изнесува 104.2.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јуни 2013, во однос на мај 2013, пораст
на индексите е забележан во групите: Комуникации за 1.4%, Транспорт и Рекреација и култура за 0.7%, Храна и
безалкохолни пијалаци за 0.5%, Облека и обувки за 0.2% и Алкохолни пијалаци, тутун за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Ресторани и хотели за 0.9%,
Останати стоки и услуги за 0.3% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.2%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива,
Здравје и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика