Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, мај 2013

петок, 07 јуни 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај 2013, во однос на април 2013, изнесува 99.8 а во однос
на мај 2012 изнесува 103.4.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во мај 2013, во однос на април 2013,
намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 2.3%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%,
Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.2% и Рекреација и култура за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Облека и обувки за 0.9%, Ресторани
и хотели за 0.6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина, Здравје и Останати стоки и услуги за 0.4% и
Алкохолни пијалаци, тутун за 0.3%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Комуникации и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика