Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, март 2013

понеделник, 08 април 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март 2013, во однос на февруари 2013, изнесува 100.1, а во
однос на март 2012 изнесува 103.1.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во март 2013, во однос на февруари 2013,
пораст на индексите е забележан во групите: Здравје за 2.2%, Транспорт за 0.7%, Ресторани и хотели за 0.3%,
Храна и безалкохолни пијалаци за 0.2%, Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележанo во групите: Домување, вода, електрика, гас
и др. горива 1.0%, Облека и обувки за 0.7% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.3%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Комуникации и
Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика