Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во март 2013 година, во однос на
претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на трошоците на животот 100.1.
Порастот на трошоците на животот од 0.1% во март 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на
повисоките индекси на зеленчукот за 3.9%, овошјето за 2.5%, преработките од овошје и рибата за 0.7%, преработките од
зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај лековите за 3.7%, авионскиот превоз на патници
за 2.8%, нафтените деривати за 1.9%, храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 0.4%.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано
кај мастите за 2.7%, јајцата за 1.3%, преработките од месо и другите прехранбени производи за 0.4% и сушеното овошје
за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата
за 13.8%, сообраќајните средства за 1.5%, обувките за 0.8%, облеката за 0.6%, течните горива и гасот за домаќинствата за
0.5% и средствата за хигиена за 0.3%.
Индексот на цените на мало во март 2013 година, во споредба со март 2012 година, бележи пораст од 1.0%, а индексот
на трошоците на животот бележи пораст од 3.1%.