Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало
во август 2012, во однос на претходниот месец, изнесува 101.7, а индексот на трошоците на животот 101.5.
Порастот на трошоците на животот од 1.5% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 5.4%, мастите
за 5.3%, месото, преработките од риба и млечните производи за 0.7%, лебот и тестенините за 0.6%, другите
прехранбени производи за 0.5%, преработениот зеленчук за 0.4%, свежото и киселото млеко за 0.2%.
Во август, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричната енергија за
домаќинствата за 10.0%, течните горива и гасот за 7.9%, нафтените деривати за 7.6%, централното греење за
4.1%, лековите за 1.9%, услугите за лична хигиена за 0.6%, електричните апарати за домаќинството за 0.3%,
мебелот, трошоците за одржување на автомобилите и материјалите за одржување на станот за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2012 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај овошјето за 3.0%, јајцата за 1.7%, рибата и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Во август, намалување на индексот на трошоците на животот, исто така, е забележано и кај обувките за 0.5%,
средствата за образование за 0.4% и средствата за хигиена за 0.2%.
Индексот на цените на мало во август 2012 година, во споредба со август 2011 година, бележи пораст од 3.6%,
а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3.7%.