Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јуни 2012 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 99.0, а индексот на трошоците на животот 99.5.
Намалувањето на трошоците на животот од 0.5% е резултат на пониските индекси на јајцата за 10.8%, зеленчукот
за 6.9%, другите прехранбени производи за 0.7% и производите од жито за 0.6%.
Во јуни, намалување на индексите на трошоците на животот е забележанo и кај услугите за сместување за 6.2%,
течните горива и гасот за 4.1%, нафтените деривати за 3.9%, телекомуникациските услуги за 1.9% и средствата
за хигиена за 0.4%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јуни 2012 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај овошјето за 13.5%, мастите за 2.1%, безалкохолните пијалаци за 0.7%, алкохолните пијалаци за
0.6% и преработките од месо за 0.5%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележанo и кај туристичките аранжмани за 1.5%,
обувките за 1.4% и превозот на патници со авион за 0.3%.
Индексот на цените на мало во јуни 2012 година, во споредба со јуни 2011 година, бележи пораст од 2.2%, а
индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.1%.