Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во април 2012 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.1.
Порастот на трошоците на животот од 1.1% е резултат на повисоките индекси на јајцата за 16.5%, овошјето за 9.9%, зеленчукот за 5.5%, рибата за 1.2%, месото за 0.5%, преработениот зеленчук и свежото и киселото млеко за 0.4% и кондиторските производи за 0.3%.
Во април, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај материјалите за одржување на станот за 6.9%, обувките за 5.3%, нафтените деривати за 2.8%, козметичките производи за 2.2%, услугите за образование и превозот на патници за 1.9%, услугите за одржување на станот за 1.1%, лековите за 0.8%, течните горива и гасот за 0.7%, другите средства за рекреација за 0.6%, средствата за хигиена и услугите за нега и лична хигиена за 0.5%, облеката за 0.3%, храната и пијалаците во ресторани и хотели за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 1.4%, преработките од риба за 0.8%, преработеното овошје и млечните производи за 0.3%, алкохолните и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележанo и кај средствата за образование за 0.6%.
Индексот на цените на мало во април 2012 година, во споредба со април 2011 година, бележи пораст од 3.2%,
а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.2%.