Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во февруари 2012 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5.
Порастот на трошоците на животот од 0.5% е резултат на повисоките индекси на овошјето за 4.0%, зеленчукот за 3.8%, преработките од риба за 1.9%, мастите за 1.4%, преработениот зеленчук за 1.1%, безалкохолните пијалаци за 0.7%, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0.3%, кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0.2%.
Во февруари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 19.9%, нафтените деривати за 2.5%, конфекцијата за домаќинствата за 2.2%, течните горива и гасот за 1.9%, мебелот за 0.9%, облеката за 0.8%, средствата за хигиена, козметичките производи и услугите за лична хигиена за 0.6%, садовите и приборот за домаќинствата и лековите за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата за 0.9% и кај јајцата за 0.6%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај средствата за образование за 1.1%, превозот на патници за 1.0% и обувките за 0.5%.
Индексот на цените на мало во февруари 2012 година, во споредба со февруари 2011 година, бележи пораст од 3.4%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.9%.