Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во декември 2011 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на трошоците на животот 99.9.
Индексот на цените на мало во 2011 година, во однос на 2010 година, бележи пораст од 4.0%, додека индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3.9%.
Движењето на индексот на цените на мало во 2011 година беше различно по одделни групи на производи.
Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско-прехранбени производи за 6.1%, Непрехранбени индустриски производи за 5.4%, Земјоделски производи за 5.0%, Услуги за 1.8% и Пијалаци за 0.7%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2011 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Исхрана за 6.4%, Стан (станарина, вода и услуги) за 5.6%, Огрев и осветление за 4.8%, Сообраќајни средства и услуги за 3.1%, Хигиена и здравје за 2.9%, Ресторани и хотели за 1.6%, Облека и обувки за 1.4%, Тутун и пијалаци за 0.9% и Покуќнина за 0.1%.
Намалување на индексот е забележано во групата Култура и разонода за 0,8% и Останати услуги, неспомнати на друго место за 0.1%.
Индексот на цените на мало во декември 2011 година, во споредба со декември 2010 година, забележа пораст од 3.1%, а индексот на трошоците на животот забележа пораст од 2.8%.
Индексот на цените на мало во декември 2011 година, во однос на претходниот месец, е на исто ниво. Минимален пораст на индексот е забележан во групата Непрехранбени индустриски производи за 0,1%.
Намалување на индексот на цените на мало е забележано во групите: Земјоделски производи за 1,4% и Пијалаци за 0,4%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Индустриско-прехранбени производи и Услуги.
Како резултат на движењето на цените на мало, намалувањето на трошоците на животот од 0.1% во декември 2011 година, во однос на претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 9,2%,
мастите за 2,3%, алкохолните пијалаци за 0,3%, рибата за 0,2%, производите од жито, млечните производи и безалкохолните пијалаци за 0,1%.
Исто така, во декември, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кајуслугите за образование за 1,6%, средствата за хигиена за 1,0% и нафтените деривати за 0,5%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во декември 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кајзеленчукот за 1,9% и кајмесото и јајцата за 0,7%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кајтечните горива и гасот за домаќинствата за 1,9%, средствата за образование за 0,4%, обувките и исхраната во ресторани и хотели за
0,2%.