Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на трошоците на животот 99.9.
Намалувањето на трошоците на животот од 0.1% е резултат на пониските индекси на мастите за 4.6%, овошјето за 4.4%, зеленчукот за 3.1%, јајцата за 1.1%, рибата за 0.9%, преработките од месо и преработките од риба за 0.2%.
Во септември 2011, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај мебелот и услугите за образование за 0.5%, садовите и приборот за домаќинствата за 0.3%, облеката, обувките и козметичките производи за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кондиторските производи за 2.0%, другите прехранбени производи за 1.3%, преработениот зеленчук за 1.0%, млечните производи за 0.4% и преработеното овошје за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 1.9%, средствата за образование за 0.4% и деловите за сообраќајни средства за 0.2%.
Индексот на цените на мало во септември 2011 година, во споредба со септември 2010 година, бележи пораст од 3.8%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.4%.