Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во август 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на трошоците на животот 99.9.
Намалувањето на трошоците на животот од 0.1% е резултат на пониските индекси на овошјето за 14.6%, зеленчукот за 3.3% и свежото и киселото млеко за 0.2%.
Во август 2011, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај ПТТ услугите за 3.7%, туристичките аранжмани за 3.2%, превозот на патници за 2.1%, обувките за 1.2% и станбените услуги за 0.8%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај мастите за 5.5%, јајцата за 1.7%, рибата за 1.5%, преработките од месо за 0.8%, преработеното овошје и месото за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 4.1%, централното греење за 2.9%, средствата за образование за 2.2%, сообраќајните средства за 1.0%, средствата за хигиена за 0.6%, облеката и електричните апарати за домаќинството за 0.2%.
Индексот на цените на мало во август 2011 година, во споредба со август 2010 година, бележи пораст од 3.8%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.6%.