Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јуни 2011
петок, 01 јули 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јуни 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.4.
Намалувањето на трошоците на животот од 0.6% е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 25.6%, мастите за 2.0%, јајцата за 0.8%, свежото млеко за 0.7%, млечните производи за 0.4% и преработениот зеленчук за 0.2%.
Во јуни 2011, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај превозот на патници за 2.3%, нафтените деривати за 2.0%, средствата за образование за 0.8%, обувките за 0.4% и облеката за 0.3%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јуни 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај овошјето за 35.1%, преработките од месо за 0.8%, преработките од риба за 0.4%, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0.3% и месото за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 4.9%, услугите за сместување за 0.9%, средствата за хигиена за 0.8%, услугите за образование за 0.4% и останати услуги, неспоменати на друго место за 0.1%.
Индексот на цените на мало во јуни 2011 година, во споредба со јуни 2010 година, бележи пораст од 4.0%, а трошоците на животот бележат пораст од 4.1%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика