Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, мај 2011

среда, 01 јуни 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во мај 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на трошоците на животот 99.8.

Намалувањето на трошоците на животот од 0.2% е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 4.6%, мастите за 1.4%, другите прехранбени производи за 0.8% и млечните производи за 0.5%.

Во мај 2011, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 3.2%, услугите за одржување на покуќнината за 2.3%, нафтените деривати за 2.0%, услугите за образование и развој за 1.1%, козметичките производи за 0.9%, средствата за образование за 0.7%, услугите за обувки за 0.5%, услугите за одржување на станот за 0.4% и облеката за 0.3%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во мај 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај овошјето за 6.4%, преработките од риба за 1.2%, рибата за 0.9%, производите од жито и преработеното овошје за 0.4% и свежото и киселото млеко за 0.2%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај превозот на патници за 2.8%, обувките за 1.3%, садовите и приборот за домаќинствата и средствата за хигиена за 0.9%, лековите за 0.5%, храната во ресторани и хотели и туристичките аранжмани за 0.2%.

Индексот на цените на мало во мај 2011 година, во споредба со мај 2010 година, бележи пораст од 4.7%, а трошоците на животот бележат пораст од 5.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика