Соопштението е од областа:
Цени
Индекси на цените на мало и на трошоците на животот,
јануари 2011
понеделник, 14 февруари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците
на животот во јануари 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 100.9.
Порастот на трошоците на животот од 0.9% е резултат на повисоките индекси на јајцата за 3.7%, мастите
за 3.5%, кондиторските производи за 3.3%, овошјето за 3.2%, шеќерите за 2.7%, производите од жито за
2.4%, свежото и киселото млеко за 1.6%, преработениот зеленчук за 1.2%, месото за 0.8%, преработките
од месо за 0.7%, зеленчукот, млечните производи и безалкохолните пијалаци за 0.4% и преработеното
овошје за 0.3%.
Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 4.5%,
централното греење за 3.7%, течните горива и гасот за 2.9%, сообраќајните средства за 1.3%, услугите за
образование за 1.2%, мебелот и предметите за домаќинството за 0.9%, другите средства за образование
за 0.6%, лековите за 0.4%, обувките за 0.3%, козметичките производи, превозот на патници и храната во
ресторани и хотели за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2011година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај рибата за 2.8% и кај алкохолните пијалаци за 0.4%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани
за 11.6%, садовите и приборот за домаќинствата за 2.1% и електричните апарати за домаќинствата за
0.6%.Индексот на цените на мало во јануари 2011 година, во споредба со јануари 2010 година, бележи
пораст од 3.4%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.2%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|