Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, ноември 2010

среда, 01 декември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во ноември 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на трошоците на животот 100.4.

Порастот на трошоците на животот од 0.4% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 6.1%, јајцата за 1.2%, преработките од месо за 1.1%, рибата за 1.0%, мастите за 0.7%, свежото и киселото млеко и безалкохолните пијалаци за 0.4%, производите од жито за 0.3% и преработеното овошје за 0.2%.

Во ноември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај комунално-станбените услуги и предметите за домаќинството за 2.1%, козметичките производи за 1.4%, средствата за хигиена за 1.2%, нафтените деривати за 1.0%, услугите за образование за 0.8%, садовите и приборот за домаќинството за 0.5%, облеката за 0.4%, мебелот и храната и пијалаците во ресторани и хотели за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 6.2%, кондиторските производи за 1.3% и преработениот зеленчук за 0.2%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај обувките и другите средства за образование за 0.2%.

Индексот на цените на мало во ноември 2010 година, во споредба со ноември 2009 година, бележи пораст од 3.4%, а трошоците на животот бележат пораст од 2.9%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во ноември 2010 година изнесува 12 212 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика