Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Индексот на цените на мало во август 2010, во споредба со јули 2010, е
повисок за 0.2%, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0.1%
среда, 01 септември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во август 2010 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на трошоците на животот 100.1.
Порастот на трошоците на животот од 0.1% е резултат на повисоките индекси на мастите за 10.8%, јајцата
за 1.9%, преработениот и конзервираниот зеленчук за 0.5% и на месото за 0.2%.
Во август, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај централното греење за 10.9%,
средствата за образование за 1.1% и административните услуги за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2010 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај овошјето за 2.6%, зеленчукот за 1.9%, свежото млеко и другите прехранбени
производи за 0.5%, млечните производи за 0.4%, безалкохолните пијалаци за 0.3%, производите од жито
и преработките од месо за 0.2%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај нафтените деривати за
1.4%, средствата за хигиена за 0.7%, апаратите за домаќинството за 0.4% и мебелот за 0.2%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки и Ресторани и хотели.
Индексот на цените на мало во август 2010 година, во споредба со август 2009 година, бележи пораст од
2.5%, а трошоците на животот бележат пораст од 1.9%.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство,
пресметана врз основа на цените на мало, во август 2010 година изнесува 11 891 денари и во однос на
претходниот месец е на истото ниво.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика