Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индексот на цените на мало во јули 2010, во споредба со јуни 2010, е понизок за 0.1%, а индексот на трошоците на животот е понизок за 0.4%

вторник, 03 август 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јули 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на трошоците на животот 99.6. Намалувањето на трошоците на животот од 0.4% е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 16.8%, јајцата за 0.6%, месото за 0.5% и свежото и киселото млеко за 0.1%.

Во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај сообраќајните средства за 1.8%, облеката за 0.7% и обувките за 0.3%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај мастите за 3.4%, овошјето за 2.3%, производите од жито за 1.2%, преработениот зеленчук за 0.7%, преработките од риба за 0.6%, преработките од месо за 0.4%, млечните производи за 0.3%, преработеното овошје, рибата и безалкохолните пијалаци за 0.1%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан кај лековите за 2.2%, услугите за образование и развој за 2.0%, нафтените деривати за 0.8%, козметичките производи и средствата за образование за 0.5%, предметите за домаќинството и средствата за хигиена за 0.3%, материјалите за одржување на станот и храната во ресторани и хотели за 0.2% и Останати услуги, неспоменати на друго место за 0.1%.

На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Тутун и пијалаци.

Индексот на цените на мало во јули 2010 година, во споредба со јули 2009 година, бележи пораст од 2.2%, а трошоците на животот бележат пораст од 1.5%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во јули 2010 година изнесува 11 892 денара и во однос на претходниот месец е пониска за 2.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика