Соопштението е од областа:
Цени
Индексот на цените на мало во април 2010, во споредба со март 2010,
е повисок за 0.8%, а индексот на трошоците на животот е повисок
за 0.6%
понеделник, 03 мај 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во април 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.8, а индексот на трошоците на животот 100.6.
Порастот на трошоците на животот од 0.6% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 10.6%, овошјето за 4.1%, преработките од риба за 1.1%, преработениот зеленчук за 0.7%, свежото и киселото млеко и другите прехранбени
производи за 0.4%, преработките од месо за 0.3% и мастите за 0.2%.
Во април, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 4.4%, услугите за образование и развој за 1.9%, средствата за образование за 1.8%, храната во ресторани и хотели за 0.5%, трошоците за одржување на автомобилите за 0.3% и сообраќајните средства за 0.2%.
Минимален пораст на индексите на трошоците на животот од 0.1% е забележан во групата Домување.
Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млечните производи за 1.9%, месото за 1.2%, преработеното овошје и алкохолните пијалаци за 0.5% и производите од жито за 0.3%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај средствата за хигиена за 1.8%, останатите услуги, неспомнати на друго место за 0.9%, услугите за лична хигиена за 0.7%, облеката за 0.3%, обувките и лековите за 0.2%.
Индексот на цените на мало во април 2010 година, во споредба со април 2009 година, бележи пораст од 2.7%, а трошоците на животот бележат пораст од 1.4%.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за април 2010 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12 656 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 2.6%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
? +389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|