Соопштението е од областа:
Цени
Индексот на цените на мало во март 2010, во споредба со февруари
2010, е повисок за 0.4%, а индексот на трошоците на животот е
повисок за 0.5%
четврток, 01 април 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во март 2010 година, во однос на
претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100.5.
Порастот на трошоците на животот од 0.5% е резултат на повисоките индекси на овошјето за 7.7%, зеленчукот за 7.6%,
др. прехранбени производи за 1.1%, рибата и јајцата за 0.5%, преработеното овошје за 0.4% и свежото и киселото
млеко за 0.2%.
Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 3.2%, средствата
за образование за 1.2%, услугите за образование и развој за 0.3%, деловите за сообраќајните средства за 0.2% и
трошоците за одржување на автомобилите за 0.1%. Минимален пораст на индексите на трошоците на животот од 0.1%
е забележан во групите: Облека и обувки и Домување.
Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2010 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај преработките од месо за 0.9%, производите од жито за 0.8%, мастите за 0.6%, преработениот зеленчук
и преработките од риба за 0.3% и месото за 0.1%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан кај Останатите услуги, неспоменати на
друго место за 8.3% и кај ПТТ-услугите за 1.5%. На ниво од претходниот месец останаа индексите во групите: Тутун и
пијалаци, Хигиена и здравје и Ресторани и хотели.
Индексот на цените на мало во март 2010 година, во споредба со март 2009 година, бележи пораст од 2.3%, а трошоците
на животот бележат пораст од 0.7%.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за март 2010 година,
пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12 336 денари и во однос на претходниот месец е повисока за
0.4%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|