Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индексот на цените на мало во февруари 2010, во споредба со јануари 2010, е повисок за 0.3%, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0.4%

понеделник, 01 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во февруари 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на трошоците на животот 100.4.

Порастот на трошоците на животот од 0.4% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 6.4%, овошјето за 2.3%, рибата за 2.0%, млечните производи за 0.6%, свежото и киселото млеко за 0.5%, преработеното овошје за 0.3%, преработките од месо и кондиторските производи за 0.2%.

Во февруари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележано и кај велосипедите за 2.1%, нафта и гас за домаќинствата за 1.5%, цврстите горива за 1.2%, средствата за образование и нафтените деривати за 1.1%, садовите и приборот за домаќинството за 0.9%, услугите за нега и хигиена за 0.7%, обувките за 0.5%, козметичките производи за 0.4%, средствата за хигиена за 0.3%, мебелот, лековите и здравствените услуги за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај преработениот зеленчук, мастите и безалкохолните пијалаци за 0.2%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај услугите за образование за 3.1% и облеката за 0.6%.

Индексот на цените на мало во февруари 2010 година, во споредба со февруари 2009 година, бележи пораст од 1.9%, а трошоците на животот бележат пораст од 0.6%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четричлено домаќинство за февруари 2010 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12 285 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1.1%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика