Соопштението е од областа:
Цени
Индексот на цените на мало во јануари 2010, во споредба со
декември 2009, е повисок за 1.2%, а индексот на трошоците на
животот е повисок за 0.7%
петок, 12 февруари 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јануари 2010
година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.2, а индексот на трошоците на животот 100.7.
Порастот на трошоците на животот од 0.7% е резултат на повисоките индекси на туристичките
аранжмани за 11.6%, електричната енергија за домаќинствата за 10.0%, сообраќајните средства за
4.2%, парното греење за 2.7%, административните услуги за 2.6%, услугите за образование за 2.3%,
предметите за домаќинството за 2.2%, средствата за хигиена за 1.9%, нафта и гас за домаќинствата
за 1.6%, нафтените деривати за 1.2%, здравствените услуги за 0.9%, финансиските услуги за 0.7% и
облеката за 0.5%.
Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај преработките од месо за
1.6%, млечните производи за 1.1%, преработеното овошје за 1.0% и преработениот зеленчук за 0.5%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2010 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај рибата за 5.3%, зеленчукот за 4.3%, јајцата за 1.5%, овошјето за 1.0% и
производите од жито за 0.8%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај ПТТ услугите за 2.8%,
услугите за одржување на станот за 0.5% и трошоците за одржување на автомобилите за 0.3%.
Индексот на цените на мало во јануари 2010 година, во споредба со јануари 2009 година, бележи пораст
од 1.7%, а трошоците на животот бележат пораст од 0.1%.Вредноста на потрошувачката кошница за
исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за јануари 2010 година, пресметана врз основа на
цените на мало, изнесува 12 151 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.2%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
? +389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|