Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.2 % во септември 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на алкохолните пијалаци за 1.2%, рибата за 0.8%, преработките од млеко за 0.7%, преработките од овошје за 0.3%, сушеното овошје и свежото месо за 0.2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај лековите и помагалата за 6.4%, авионскиот превоз на патници за 5.2%, средствата за образование за 3.3%, течните горива и гасот за домаќинствата за 3.1%, цврстите горива за 2.7%, нафтените деривати за 1.6%, облеката, обувките и електричните апарати за домаќинстата за 0.4% и пијалаците во рестораните и хотелите за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2013 година, во споредба со претходниот месец е забележано кај овошјето за 3.1%, производите од жито за 1.2%, зеленчукот за 0.7%, преработките од зеленчук за 0.3 %, преработките од месо, преработките од риба, јајцата и другите прехранбени производи за 0.2%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани за 12.3%, средствата за хигиена за 0.6%, услугите за сместување за 0.3%, мебелот и садовите и приборот за домаќинствата за 0.2%.
Индексот на цените на мало во септември 2013 година, во споредба со септември 2012 година, бележи пораст од 0.7%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1.6%.