Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во април 2013 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.9, а индексот на трошоците на животот 101.3.
Порастот на трошоците на животот од 1.3% во април 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат
на повисоките индекси на зеленчукот за 31.1%, овошјето за 4.6%, цигарите за 3.5%, јајцата за 1.8%, свежото и
киселото млеко и преработките од млеко за 0.7%, преработките од овошје и алкохолните пијалаци за 0.3% и
месото и кондиторските производи за 0.2%.
Во април, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај меѓуградскиот превоз на патници со
автобус за 5.0%, авионскиот превоз на патници за 4.6%, ПТТ-услугите за 1.9%, сообраќајните средства за 0.7%,
здравствените услуги за 0.5%, услугите за лична хигиена за 0.4% и останати услуги неспомнати на друго место
за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2013 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај преработките од риба за 1.4%, другите прехранбени производи за 0.3% и преработките од
месо за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и гасот за
домаќинствата за 3.1%, нафтените деривати за 2.8% и мебелот и средствата за хигиена за 0.2%.
Индексот на цените на мало во април 2013 година, во споредба со април 2012 година, бележи пораст од 0.9%,
а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3.3%.