Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, 2010 година

среда, 14 март 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2010 година изнесува 41300 милиони денари и во однос на 2009 година бележи номинален раст од 10,8%. Растот е резултат на зголеменото производство на земјоделската „деловна гранка“ од 9.9% во однос на 2009 година.


Растителното производство во 2010 година (кое во вкупното производство учествува со 68.6%) бележи раст од 11.3% во однос на 2009 година, а овој раст се должи на порастот на вредноста на производството на индустриски растенија за 20.4% и градинарските производи за 27,9%.


Кај вредноста на добиточното производство не се забележуваат поголеми промени во однос на 2009 година.


Меѓуфазната потрошувачка, во 2010 година, бележи пораст од 8,9% во однос на 2009 година.


Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2010 година бележат раст и тоа: 11,4% кај номиналниот и 7.8% кај реалниот доход од производните фактори.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  ljupka.tasevska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика