Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Економски сметки во земјоделството
Економски сметки во земјоделството, 2009 година
вторник, 15 март 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2009 година изнесува 37283 милиони денари и во однос на 2008 година бележи номинален пад од 1.8%.
Опаѓањето е резултат на намаленото производство на земјоделската “деловна гранка” од 10.9% во однос на 2008 година.Растителното производство во 2009 година (кое во вкупното производство учествува со 67.7%) бележи пад од 8.8% во однос на 2008 година, а овој пад се должи на опаѓањето на вредноста на производството на житата за 20.9%, фуражните растенија за 14.6%, овошјето за 25.9% и виното за 44.9%. Раст е забележан кај индустриските растенија за 47.4%, зеленчукот за 3.8% и компирите за 20.3%.
Добиточното производство бележи пад од 22.7% како резултат на опаѓањето на вредноста на добитокот за 10.1% и добиточните производи за 30.0%.
Меѓуфазната потрошувачка, во 2009 година, бележи пад од 19.5% во однос на 2008 година. Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2009 година бележат раст и тоа: 7.6% кај номиналниот и 15.8% кај реалниот доход од производните фактори.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 653
е-пошта:
ljupka.tasevska@stat.gov
|
© Државен завод за статистика