Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, 2017 година

петок, 29 март 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2017 година изнесува 44 907 милиони денари и во однос на 2016 година бележи номинален пад од 12.8 %.

Растителното производство во 2017 година, кое учествува со 65.0 % во вкупното производство, бележи опаѓање од 13.6 % во однос на 2016 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 24.2 % во вкупното производство, опадна за 2.8 % во однос на 2016 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2017 година, бележи опаѓање од 4.8 % во однос на 2016 година. Номиналниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2017 година бележи опаѓање од 5.7 %, додека реалниот доход од производните фактори бележи опаѓање од 5.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика