Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, 2014

среда, 30 март 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014
година изнесува 50 610 милиони денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1.9%. Раст е
забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 1.2% во однос на 2013 година.
Растителното производство во 2014 година (кое во вкупното производство учествува со 69.5%) бележи раст
од 1.8% во однос на 2013 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство
учествува со 21.4%) опадна за 0.5% во однос на 2013 година.
Меѓуфазната потрошувачка, во 2014 година, бележи пораст од 0.2% во однос на 2013 година.
Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2014
година бележат пад и тоа: 3.1% кај номиналниот и 0.1% кај реалниот доход од производните фактори.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  tatjana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика