Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Економски сметки во земјоделството
Економските сметки во земјоделството во Република Македонија во 2008 година покажуваат бруто-додадена вредност од 37981 милиони денари
понеделник, 15 март 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во
земјоделството во 2008 година, во однос на 2007 година, бележи номинален раст од 17.9%. Растот е резултат на зголеменото производство на земјоделската "деловна гранка" од 19.1%.
Растителното производство во 2008 година (кое во вкупното производство учествува со
66.0%) бележи раст од 11.0% во однос на 2007 година, кој се должи на растот на вредноста на производството на градинарските производи (7.7%), житата 44.2% и овошјето (17.2%). Добиточното производство бележи пораст од 42.4% како резултат на порастот на вредноста на добиточните производи (48.7%) и добитокот (32.8%).
Меѓуфазната потрошувачка во 2008 година бележи раст од 20.2% во однос на 2007 година.
Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2008 година бележат раст и тоа 8.9% кај номиналниот и 3.0% кај реалниот доход од производните фактори.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 674
е-пошта:
violeta.krsteva@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика