Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, 2022 година

понеделник, 01 април 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2022 година изнесува 57 298 милиони денари и во однос на 2021 година бележи номинален пораст од 22.5 %.

Растителното производство во 2022 година, кое учествува со 72.9 % во вкупното производство, бележи пораст од 20.2 % во однос на 2021 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 18.7 % во вкупното производство, е зголемено за 18.6 % во однос на 2021 година.

Меѓуфазната потрошувачка во 2022 година бележи пораст од 10.1 % во однос на 2021 година. Номиналниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2022 година бележи пораст од 62.6 %, додека реалниот доход од производните фактори бележи пораст од 56.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика