Податоците за бруто-домашниот производ се пресметани според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во 2010 година изнесува 424 762 милиони денари и во однос на 2009 година номинално е зголемен за 3.4%. Реалната стапка на раст на БДП во однос на 2009 година изнесува 1.8%.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2010 година имаат секторите: (Б, В, Г и Д) Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (18.2%).
Финалната потрошувачка во 2010 година, во однос на 2009 година, номинално расте за 3.1%, а во структурата на БДП учествува со 95.4%.
Учеството на Извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2010 година изнесува 47.6%.
Во ова соопштение е презентирана тримесечна серија на податоци за БДП според расходниот метод, изразена во денари од 2005 година, како дел од соопштението за БДП на тримесечно ниво.